How I Tricked My Brain To Like Doing Hard Things (dopamine detox)

How I Tricked My Brain To Like Doing Hard Things (dopamine detox)

SUBTITLE'S INFO:

Language: Macedonian

Type: Human

Number of phrases: 233

Number of words: 2252

Number of symbols: 11814

DOWNLOAD SUBTITLES:

DOWNLOAD AUDIO AND VIDEO:

SUBTITLES:

Subtitles prepared by human
00:07
Веројатно немате проблем да играте видео игри или да пребарувате на социјалните мрежи на вашиот телефон. Всушност, не се сомневам дека можете да ги правите двете одеднаш 2 часа или можеби подолго без да изгубите концентрација. Но, што ако учите за час и половина? Ууф. Тоа би било претешко. Што велите да работите на вашиот страничен бизнис за уште еден час? Хмм. Не звучи примамливо. И покрај тоа што логички знаете дека учење, вежбање, градање бизнис или нешто еднавко продуктивно, ќе ви донесе повеќе придобивки на долг рок, сеуште преферирате гледање телевизија, играње видео игри или прелистување на социјалните мрежи. Некој ќе помисли, очигледно е зошто е така. Едната активност е лесна и не бара многу напор, додека другата активност е тешка и бара вложување труд. Но некои луѓе изгледа дека немаат проблем редовно да учат, вежбаат или да работат на додатни проекти. Од овде се раѓа прашањето: зошто се некои луѓе повеќе мотивирани да се справат со тешките работи?
01:11
И дали постои начин, да ги завршиме тешките работи лесно? Да одговориме на прашањето, треба да го погледнеме овој невротрансмитер од мозокот: допаминот. Допаминот се смета за молекулата на задоволството. Но, всушност тој не го предизвикува тоа. Домапинот прави да ги посакуваме нештата. И на тој начин сме мотивирани, да се разбудиме и правиме нешто. Ако не сте сигурни, колку е моќен допамниот, дозволете да ви представам неколку експерименти кои невролозите ги направиле на стаорци. Научниците наместиле електроди на мозоците на стаорците. Кога стаорецот ја повлекол рачката, научниците го стимулирале наградниот систем во неговиот мозок. Како резултат стаорците развиле толку силен копнеж, што непрестано ја притискале рачката со часови. Стаорците одбивале дури да јадат и спијат. Ја притискалте рачката се додека не паднат од умор. Но потоа процесот бил обратен. Научниците го блокирале испуштањето на допамин во мозокот. Како резултат, стаорците станале толку незаинтересирани што дури и пиењето вода
02:14
не било вредно за нивниот труд. Тие не сакале да јадат. Не сакале да се размножуваат. Воопшто не посакувале ништо. Може да се каже дека изгубиле секаква волја за живот. Но, ако им било дадено храна во нивната уста, тие ја јаделе и уживале во истата. Едноставно немале мотивација да станат и сами да се нахранат. Можеби мислите дека жедта и гладта не‘ мотивираат да побараме храна и вода. Но тука е и допаминот, кој игра клучна улога. Експреиментите со стаорците се можеби екстремни примери. Но, може да се примети слично дејство на допаминот кај човекот и во нашето секојдневие. Всушност, вашиот мозок развива приоритети најчесто на основа на тоа колку допамин очекува да добие. Ако одредена активност предизвикува премалку допамин, нема да имате многу мотивација да ја извршите. Но, ако активноста предизвикува многу допамин, ќе бидете мотивирани да ја извршувате повторно и повторно. Кои однесувања предизвикуваат допамин? При секоја активност во која сте инволвирани и постои потенциална награда, се испушта тој хормон. Но ако знаете дека наградувањето нема да биде веднаш после активноста, вашиот мозок нема да ја испушти.
03:18
На пример, пред да јадете нездрава храна, вашиот мозок испушта допамин, затоа што предвидува дека храната ќе придонесе, да се почустувате добро. Дури и ако всушност ќе придонесе, да се почуствувате полошо. Така е затоа што вашиот мозок не го интересира дали високо-допаминската активност е штетна за вас. Тој само сака повеќе од неа. Стереотипичен пример би бил зависник од дрога. Тој знае, дека тоа што го прави не е добро за него. Но, се што сака е повеќе од таа дрога. Покрај тоа што ве носи во облаци, кокаинот и хероинот испуштаат неприродно високи дози на допамин, кои прават да копнеете за повеќе. Секако треба да забележиме, дека скоро се‘ предизвикува некоја доза на допамин. Дури пиењето вода кога сте жедни, го прави тоа. Највисоки испуштања на допамин се случуваат кога сте наградени случајно. Еден таков пример е кога играте на апарат во казино. Дури и ако сте губеле пари до тој момент, одеднаш очекувате да добиете поголема нагарада. Само не знаете кога тоа ќе се случи. Во денешницата на дигитално општество, ги преплавуваме нашите мозоци со неприродно високи количини на допамин секојдневно, без
04:23
да бидеме свесни за тоа. Еве неколки примери за високо-допамински активности: прелистување на социалните мрежи, играње видео игри, гледање порнографија и слично. Предивудваме некаква награда со секоја од овие активности. Затоа константно ги проверуваме нашите телефони. Очекуваме да видеме порака или некое друго известување. И знаеме дека некогаш ќе го добиеме. Стануваме како оние стаорци, што ги повлекуваа рачките, да добијат нов допамински бран. И можеби мислите: ‘‘Па да, и што сега?‘‘ ‘‘Не ми наштетува на никој начин.‘‘ Грешите. Нашите тела имаат биолошки систем наречен хомеостаза. Тоа значи дека нашите тела настојуваат да одржат внатрешни физички и хемиски услови на избалансирано ниво. Штом се појави нерамнотежа, нашето тело ѝ се привикнува. Дозволете да наведам пример: Кога е ладно однадвор, температурата на нашите тела опаѓа. И како резултат почнуваме да трепериме, со цел да генерираме топлина и да го загрееме телото. Но, кога надвор е топло, температурата на нашите тела се покачува.
05:26
И ние почнуваме да се потиме, за да ја намалиме температурата. Нашето тело настојува да одржи телесна температура од 37 степени целзиусови или 98 фаренхајтови степени, без разлика на се‘. Постои и друг начин, на кој се манифестира хомеостазата. И тоа во вид на толеранција. На пример, некој што ретко пие алкохол, ќе се опие многу брзо. Додека некој што редовно пие алкохол, треба да испие повеќе, бидејќи неговото тело развило толеранција на алкохолот. Во суштина е потребно се‘ повеќе алкохол за да се опијат, затоа што станале помалку осетливи на неговите ефекти. И не е многу поразлично со допаминот. Вашето тело настојува да одржи хомеостаза, така што ги дерегулира (намалува) вашите рецептори за допамин. Одеднаш вашиот мозок е навикнат на високи степени на допамин и тој степен станува нормален за вас. Така се развива толеранција на допамин. Ова може да биде огромен проблем, бидејќи работите кои не ви даваат многу допамин, престануват да ве интересират. И е многу потешко да се мотивирате, да ги правите истите. Тие се здодевни и помалку интересни, бидејќи не предизвикуваат толку допамин, во споредба со
06:30
работите кои го предизвикуваат во големи мери. Затоа луѓето преферираат играње видео игри или сурфање на интернет, во споредба со учење или работење на нивнот бизнис. Играњето видео игри прави да се чуствуваме комфортно, со оглед на тоа што се излачува многу допамин. За жал, нештата како напорна работа или читање, го излачува во помали количини. Ова е една од причините, зошто зависниците од дрога кои се обидуваат да се откажат од неа, тешко се навикнуваат на нормален живот. Нивната толеранција на допамин е толку висока, што нормалниот живот не може да го достигне. Тие стануваат како оние стаорци од претходниот експеримент, кои немаат мотивација да прават било што ако тоа не излачува доволно допамин. И не само зависниците од дрога. Луѓе што се зависни од видео игри, социјални мрежи или порнографија го доживуваат истото. Кога веќе толеранцијата на допамин ќе стане толку висока, тие едноставно не можат да уживаат во активностите со низок допамин. Што го поттикнува прашањето: Дали постои нешто, што може да го спречи ова? Одговорот е дека треба да се направи допамин детоксификација. Досега можеби имате идеја како изгледа допамин детоксификацијата.
07:34
Се што ќе направите е да изберете еден ден, во кој ќе ги избегнете сите високо стимулативни активности. Ќе престанете да го преплавувате вашиот мозок со високи количини на допамин и на тој начин вашите рецептори на допамин ќе се обноват. Предупредување: ако страдате од зависност од дрога, тогаш предлагам да побарате професионална помош, бидејќи најверојатно сте формирале физиолошка и психолошка зависност. Не сакам да доживеете никакви екстремни симптоми при откажувањето. Сега да се навратиме на детоксификацијата. Еден цел ден во неделата ќе се обидете да се забавувате што е можно помалку. Нема да користете интернет или друга технологија како телефонот или компјутерот. Не смеете да слушате музика, не смеете да мастурбирате или јадете нездрава храна. Во основа, ќе ги оставите настрана сите извори на екстерно задоволство во текот на целиот ден. Ќе се препуштите на досадата. И верувајте ми, ќе биде многу досадно. Во секој случај, дозволено ви е да го правите следново: прошетајте. Медитарајте и бидете сами во мислите.
08:35
Размислувајте за животот и вашите цели. Напишете ги сите идеи кои ќе ви дојдат. Не на вашиот компјутер или телефон, туку на лист од хартија. Сето ова изгледа доста интензивно. Доколку сакате радикални резултати и ги сакате брзо, треба да превземете радикални мерки. Можеби се прашувате: Зошто би функционирало ова? Вака. Да кажеме дека до сега секој оброк сте го јаделе во најдобриот ресторан во градот. Како резултат, овие модерни оброци станале нормални за вас. Ако некој во тој момент ви понуди чинија со обичен ориз, најверојатно би го одбиле. Тој едноставно не би бил толку вкусен, како што е вкусен оброкот во ресторанот. Но ако одеднаш се најдете заробени на пуст остров и гладувате, таа чинија со обичен ориз нема да изгледа толку лошо. Тоа всушност се постигнува со допамин детоксификацијата. Ве ограничува во задоволствата што обично ги добивате и за возврат, ги прави здодевните работи попривлечни. Да поедноставиме: Допамин детоксификаицјата функционира затоа што ви станува толку здодевно,
09:39
што дури здодевните работи стануваат забавни. Доколку не сакате да направите толку екстремни чекори и да се ограничите во сите задоволства, може да направите помала допаминска детоксификација. Ќе изберете еден ден во неделата, кога ќе се откажете од една од вашите високо допамински активности целосно. Може да биде било која активност. Можеби проверување на вашиот телефон, играње видео игри на компјутерот, гледање ТВ јадење нездрава храна, гледање порнографија, било што. И од сега натаму, секоја недела по еден цел ден, ќе ја избегнувате таа активност. Сеуште може да правите други работи, но активноста која сте ја избреале е недостапна. Да, ќе ви биде здодевно, ама тоа е поентата. Сакате вашите рецептори за допамин да закрепнат од неприродно високиот допамин кој го преплавува вашиот мозок. А здодевноста ќе ве натера да правите други работи тој ден. Работи кои обично ги одложувате, бидејќи не излочуваат доволно допамин И затоа што ви е здодевно, полесно е да ги направите. Секако дека избегнувањето на високо допамински активности од време на време е добро.
10:39
Но идеално би било, кога тие активности би ги отфрлиле или намалиле што е можно повеќе. На тој начин би го поврзале допаминот со работи, од кои би имале вистински придобивки. Открив дека вашите моментални високо допамински активности можат да послужат како поттик, да тежнеете кон работите, од кои имате придобивки на долг рок. Со друи зборови, може да ги користите вашите високо допамински активности, како награда по извршувањето на тешка задача. И точно ова го правам јас. Ги забележувам сите тешки, ниско допамински работи кои ги правам. Чистење на станот, вежбање пиано, читање книги, физички вежби, правење на овие видеа итн. Кога сум заврашил одредена работа, се наградувам себе си со доза од високо допаминска активност на крајот од денот. Клучни зборови тука се: потоа и на крајот од денот. Ако прво се впуштам во високо допаминските активности, тогаш не сум во состојба да ги извршам ниско допаминските задачи. Едноствано нема да бидам доволно мотивиран. Затоа секогаш почнувам со тешките задачи и потоа си дозволувам да се занесам
11:41
во високо допамински активности. На пример: За секој час од ниско допаминска задача, се наградувам себе си со 15 минути од високо допаминска активност на крајот од денот. Тоа значи дека за 8 часа низок допамин, си дозволувам околу 2 часа високо допаминска активност. Секако, ова се мои мерки. Можеш да ги прилагодиш на себе. Исто така не заборавајте, ако сте зависни од нешто што го нарушува вашето здравје, тогаш не треба тоа да го земате како награда. Наместо тоа најдете друга награда, која нема да ви наштетува. Некоја која сеуште мислите дека вреди. Ако се прашувате кое е моето задоволство што ми предизвикува вина, тоа е интернетот. Можам лесно да се изгубам низ него со часови, без да направам било што друго. Затоа го имам овој систем. Така можам да ја контролирам мојата зависност. Не ме сфаќајте погрешно, дури и со овој систем, сеуште планирам денови во кои целосно прекинувам со високо допаминските активности. За заклучок на ова видео, сакам да кажам дека е возможно да се завршат тешки задачи,
12:41
на полесен начин. Но кога вашиот мозок добива премногу допамин нон-стоп, нема да бидете загреани да работите на нешто, што не го излачува толку многу. Затоа можеби би сакале да го ограничите користењето на телефон и компјутер, заедно со другите високо допамински активности. И можам да ви кажам дека е навистина вредно. Значи ако имате проблем со мотивацијата, почнете со допаминска детоксификација на вашиот мозок што побрзо. Оддвојте се себеси од ненормално високите количини на допамин или барем поретко бидете изложени на нив. Само тогаш нормалните, секојдневни, ниско допамински активности ќе бидат повторно возбудливи, а вие ќе можете да ги правите редовно. Сите сме зависници на допамин до некоја мера. И тоа е добро, бидејќи допаминот не‘ мотивира да ги постигнеме нашите цели и да се подобриме себеси. Ваше е само да одлучите од каде ќе го добивате вашиот допамин. Дали ќе го добивате од работите што не се во ваша полза? Или можеби работејки на вашите долгорочни планови? Изборот е ваш. Ако уживавте во ова видео, ќе бидам благодарен ако притиснете ‘‘like‘‘.
13:42
Тоа му помага на мојот канал, бидејќи семоќниот алгоритам на Youtube ќе примети дека луѓето сакаат ваков тип на видеа и ќе го прикажува на поголема публика. Тоа овозможува повеќе луѓе да почнат со подобрувањето на нивните животи. Како секогаш, благодарам што гледавте и се надевам дека ова видео ќе ве направи подобри отколку што сте биле вчера.

DOWNLOAD SUBTITLES: